Мора да е љубов: На Цеца и напишал 5.400 стихови

Секојдневно, цели 2 години, Зоран Васиќ пишувал песни посветени на Цеца Ражњатовиќ и на крајот напишал 5.400 стихови.Она што милиони луѓе го чувствуваат спрема неа, а не умеат да и го кажат јас го напишав.Пред да го објавам ова дело, би сакал Цеца Ражњатовиќ да го прочита и да ми даде свои сугестии и забелешки, вели Васиќ.
Овој 48 годишен маж до сега објавил 2 книги поезија, а за Цеца пишува бидејќи е нејзин голем обожавател иако никогаш во живо не се сретнале.
– Петрарка, Лара ја видел само еднаш, па цел живот и пишувал песни, зошто не би и пишувал јас на Цеца 2 години? За тоа не е потребно познавање – вели Зоран.
Цеца многу се израдувала кога и соопштиле дека добила песна од 5.400 стихови.
– Навистина сум почестена и пријатно изненадена за толкавиот труд.Едвај чекам да ја прочитам песната. Многу ми е мило што фановите на креативен начин ја покажуваат љубовта спрема мене. Отсекогаш сум се трудела позитивно да влијаам на публиката и да пропагирам вистински вредности. Затоа и ми враќаат на толку убав начин. Воодушевена сум од ваквата поезија и го чувам дома секој подарок кој го добивам од фановите, – вели Цеца.

 

Меѓу илјадниците предмети кои во текот на кариерата ги добилаод обожавателите, најмногу има срца, во секоја големина и разни материјали: од платнени и дрвени се до бело злато и дијаманти. Тука се и плишаните играчки зајчиња, мечиња, кученца…Цеца ги чува и маиците со нејзин лик, а и оние кои на концертите ги соблекувале од себе и ги фрлале на сцената. Има и неколку слики: масло на платно, акварел и цртежи, меѓу кои доминира огромното платно со нејзиниот портрет со големина метер на метар и половина.
Бројаници има над стотина, а за секој роденден нејзините фанови ги празнат цвеќарите, испраќајќи и по неколку стотини букети.Она што милиони луѓе го чувствуваат спрема неа, а не умеат да и го кажат јас го напишав.Пред да го објавам ова дело, би сакал Цеца Ражњатовиќ да го

Пронајдете не на следниве мрежи: