Даниел Кајмаковски, Доктори, Маид Хечимовиќ, Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ нема да настапуваат на концертот на Кики Лесендриќ и Пилоти. МБК продукција остро ги демантираше најавите на македонските организатори на концертот, притоа потенцирајќи дека финалистите на Х-Фактор нема да одржат концерт во Скопје.
“И покрај нашите деманти по повод концертот на Кики во Скопје, организаторите и понатаму настанот го најавуваат како голем концерт на финалистите на Х-Фактор. На сцената заедно со Кики, ќе настапат само неговите штитеници, а тоа се Тамара, Илма и Александра”, стои во соопштението испратено директно од Белград.
Финалето на Х-Фактор е закажано за 23 март, а ќе се одржи во Белградската арена. Веднаш по завршувањето на истото, финалистите ќе одржат заеднички концерти низ сите земји во регионот.МБК продукција остро ги демантираше најавите на македонските организатори на концертот, притоа потенцирајќи дека финалистите на Х-Фактор нема да од



