Организаторот на концертот на Кики Лесендриќ манипулира со јавноста

Продукцијата на Икс Фактор денеска одлучи дека Доктори, Алекса Перовиќ , Лукијан Ивановиќ и Даниел Кајмакоски нема да дојдат на закажаниот концерт на Кики Лесендриќ и Пилоти на 14 март во Арената Борис Тарајковски… 
 
 
Продукцијата на Икс Фактор денеска одлучи дека Доктори, Алекса Перовиќ , Лукијан Ивановиќ и Даниел Кајмакоски нема да дојдат на закажаниот концерт на Кики Лесендриќ и Пилоти на 14 март во Арената Борис Тарајковски, поради тоа што концертот погрешно се рекламирал т.е. се рекламирал како концерт на Финалистите на Икс Фактор и Кики Лесендриќ. Тоа не било воопшто концерт на финалистите туку само концерт на Кики, на кој финалистите ќе испеат по една песна.
А организaторот сакајки да добие што поголем број на публика а со тоа и заработка, се одлучил истиот да го рекламира како концерт на кандидатите на Х Фактор, при тоа не консултирајки се со никого од продукцијата МБК чии ексклузивци се токму кандидатите на Х Фактор.Со тоа без срам ја манипулира јавноста пред се најверните фанови на Х Фактор децата.Иако продукцијата испратила официјално барање да се престане со вакво рекламирање, организторот тоа не го направил
Токму за тоа денеска продукцијата се одлучи на чекор кој досега го практикувале: менторот ги промовира своите кандидати на концертите кои ги одржува.
Жељко Јоксимовиќ своите кандидидати Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ, и Даниел Кајмакоски ги претстави за новогодишната ноќ во Крушевац, а потоа на неговиот концерт за Водици во Охрид, гостин му беше нашиот Даниел Кајмакоски.
Менторите во британското шоу пак со своите кандидати секогаш настапуваат во родните места на кандидатите, нормално само доколку менторите се естрадни ѕвезди, а ако станува збор за продуцент или некоја друга професија, тогаш само кандидатите имаат настап пред публиката во нивното родно место.
И на кај од продукцијата потврдуваат Даниел пеел и ке пее во Македонија.Пееше за Водици, пееше на Златана Бубамара. Даниел Кајмакоски и сите останати финалисти ке пеат на Концерт на Х Фактор во Скопје  и тоа организиран од МБК продукција.Концертот ќе с еодржи во април.
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: