Црногорските оскари се доделуваат секоја година од областа на спортот, културата, медиумите, туризмот, маркетингот, национален црногорски бренд, афирмација и вработување млади, а од минатата година го опфаќа и музичкиот регион.Александар Дамјановиќ, претседател на Црногорската културна мрежа, тврди дека хрватската пејачка Северина побарала хонорар за да ја прими наградата Црногорски оскар и да отпее една песна.
„Северина побара пари за да дојде. Се договоривме со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ. Тој го потврди нејзиното доаѓање, но ни побара хонорар. Ние ја одбивме таа понуда бидејќи не е вообичаена процедура да плаќаме за некој да се појави на доделување Оскари“ – раскажал Дамјановиќ.
Српските медиуми дознаваат дека Северина побарала 2.500 евра од организаторот за со неа да дојде десет члена екипа, за која треба да се обезбеди престој во луксузен хотел (3.000 евра), како и повратен авионски билет Загреб-Будва (2.500 евра).
Освен публиката, која бурно реагирала на барањата на Северина што за доаѓањето на доделувањето на црногорскиот Оскар да добие 8.000 евра за да и биде врачена наградата за пејачка на годината, на „нож“ ја дочекале и поедини колеги, кои за разлика од неа, присуството на оваа манифестација ја доживеале како чест.
Меѓу наградените се нашол и Ацо Пејовиќ, кој шегувајќи се рекол дека по Северина требало да испратат автобус, додека пејачката Јадранка Барјактаровиќ, која, имено, не сакала да коментира, рекла дека гестот на Северина е грозен.
Ништо помалку остра не била фронтменката на хрватската група „Колонија“, која не можела да престане да се смее на сметка на својата земјачка.
„100.000 евра добивме, 100.000 евра! Сега одиме во казино се да зголемиме двојно! Ќе ѝ ги дадеме на Северина“ – карикирала и се смеела Индира пред камерите на „Гламур“.
Ако сакате да се насмеете погледнете го ВИДЕОТО.Александар Дамјановиќ, претседател на Црногорската културна мрежа, тврди дека хрватската пејачка Северина побарала хонорар за да ја прими наградата



