Уште една спектакуларна вечер помината со Х Фактор е зад нас, уште една вечер помината со квалитетна музика, вечер во која сите си земаат улога на музички критичари, вечер зачинета со смешни твитови и Фејсбук статуси. Седмото „лајв“ издание сигурно ќе го паметиме по провокациите меѓу Жељко и Кристина, дизниевите сценографии и острите коментари на менторите.
И нашиот претставник Даниел Кајмакоски не го остави жирито без строгите критики, барајќи „влакно во јајцето“, наводно технички бил прецизен и беспрекорен, но им било малку здодевно.
Се чини и тие се изморени од функцијата дежурни арбитри, па едвај чекаат да заврши целата фама од ова шоу и да ги одморат своите грбови од овие жешки судиски столчиња.
Кајмакоски го дели само уште еден настап до супер финалето, меѓутоа тоа би можело да биде и клучниот настап.
Цела Македонија го поддржува и навива за него!Седмото „лајв“ издание сигурно ќе го паметиме по провокациите меѓу Жељко и Кристина, дизниевите сценографии и острите коментари на мент



