На 14 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“, еден од судиите во „Икс-фактор“ и водач на легендарните „Пилоти“, Кики Лесендриќ, со својата група ќе одржи голем концерт во Скопје.На концертот покрај Кики и „Пилоти“, ќе настапат и најдобрите кандидати од балканското музичко шоу Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, „Доктори“ и едиснтвениот македонски претставник Даниел Кајмакоски.
Сите оние кои што овој 14 март ќе бидат во Борис Трајковски ќе имаат неповторлива можност освен со Кики Лесендриќ и Пилоти да се забавуваат и со финалистите во кои што се вљуби цел регион, да бидат дел и од настапот на ексклузивни гости кои што само ќе ја надополнат спектакуларната концертна атмосфера, најавуваат организаторите од „Балкан медија“.
Влезниците од утре ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на „Купи карти за се“ како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад 8211; Рамстор.
Цената на влезниците до 5 март е: трибинаp- 400, партер-350, фан пит – 700 и вип трибина – 1000.На концертот покрај Кики и „Пилоти“, ќе настапат и најдобрите кандидати од балканското музичко шоу Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ,



