Потресно писмо: Дали Џулија Робертс е виновна за самоубиството на нејзината сестра?

Ненси Мотес, полусестрата на Џолија Робертс, оставила писмо од пет страни во кои открива темни тајни за нивното семејство.Британските медиуми пишуваат дека таа извршила самоубиство бидејќи не можела повеќе да ја издржи изолацијата и игнорирањето на своето семејство, кои сега „плачат крокодилски солзи“ поради нејзината трагична смрт.
Џон Фрасчети, близок пријател на свршеникот на Ненси, тврди дека семејството на познатата оскаровка Џулија Робертс се обидува да манипулира со мислењето на јавноста по нејзиното самоубиство, а вистината е дека тие „ја одвеле во смрт“.
-Тоа дефинитивно беше самоубиство. Таа остави писмо од пет страници! Три полни страни беа за тоа како нејзината сестра Џулија толку ја избезумила што морала да се убие. Една страна била посветена на својата мајка, каде и напишала колку ја сака, а на една страна напишала и извинување за својот свршеник, рекол изворот.
Ненси напишала и неколку „твитови“ на својот Твитер профил, кои подоцна се избришани, а содржеле вознемирувачки пораки наменети за својата позната сестра.

 
-И така мојата “сестра“ рече дека повеќе не и е потребна љубов, покрај толку обожаватели и нови пријатели. Само да знаете „американската миленичка“ е најголемата К***А!“, напишала Ненси на 20-ти јануари.
„Дали навистина сакате да бидете фан на некој толку суров? Таа дури не е толку добра актерка. Дали си среќна што сосема ме З***А?!“, гласел еден од “твитовите“ на Ненси.
„Мојата фамилија ме напушти“, напишала Ненси на 22 јануари.
„Морам да останам силна. Животот е борба и мора да продолжите да се борите“, напишала на 15 декември.
Последниот “твит“ го напишала еден ден пред самоубиството: „Се надевам дека сите уживаат во саботата и гледаат ‘East Los High’! Третата сезона наскоро пристигнува“, напишала Ненси.
Џулија и Ненси имаат иста мајка, Бети Лу, но Џулија е ќерка на Волтер Грејди, а Ненси на Мајкл Мотес.
Ненси наводно имала тежок карактер, но Џон Фрасчети верува дека тоа не го оправдува нејзиното семејство и нивното откажување од Ненси како член на семејството.Британските медиуми пишуваат дека таа извршила самоубиство бидејќи не можела повеќе да ја издржи изолацијата и игнорирањето на своето семејство, ко

Пронајдете не на следниве мрежи: