недела, 29 ноември 2026
Најново

Саваш и Езел може да останат во затвор дури 17 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кривичниот суд во Истанбул го потврди обвинението за кривично дело „трговија и конзумирање опојна дрога” за 53 лица, меѓу кои се и голем број на познати турски актери, пренесува турски „Милиет“.За нас најпознатите меѓу нив се Кенан Имирзалиоглу, познат во  Македонија по улогата на Езел во истоимената серија, како и Мурат Јилдирим, најпознат по улогата на Саваш во серијата „Аси“.
За обвинетите побарана е затворска казна во висина од 6 до 17 години затвор поради „трговија со дрога” и „конзумирање или поседување дрога”.
„Езел“ е обвинет дека обезбедил место за складирање и конзумирање дрога, бидејќи дрогата ја консумирал заедно со колегите во својот дом.

 
Во обвинението се додава дека Имирзалиоглу, при техничкото прислушување и следење на неговиот телефон, дрогата ја спомнувал под шифра како „ЦД”, „млеко” и „бела рада”.
Во изјавата во своја одбрана, Имирзалиоглу изјави дека дрога пробал само еднаш пред две години, кога летувал на островот Сими со пријателите кои му понудиле марихуана, и освен тоа не консумирал дрога.
Првото судење е закажано за 21, 22 и 23 мај во Кривичниот суд во Истанбул.За нас најпознатите меѓу нив се Кенан Имирзалиоглу, познат во  Македонија по улогата на Езел во истоимената серија, како и Мурат Јилдирим, нај

Поврзани вести