ГО ОДУШЕВИЈА СВЕТОТ: Цело одделение го научи знаковниот јазик поради глувонемиот другар!

Другарите од одделението направиле неверојатна работа за Зејад Ќоралиќ (6) од Сараево, Босна и Херцеговина, кој е глувонем.Минатата година, неговата мајка одлучила да го испрати Зејад во редовно училиште, но не била многу среќна бидејќи никој во училиштето не го знаел знаковниот јазик.
Неговата учителка Санела Љумановиќ, со сите сили се обидувала да допре до Зејад користејќи трикови и начини на комуникација, но набрзо сфатила дека не може многу да постигне.
Затоа решила да направи нешто неверојатно за малиот Зејад – го научила целото одделение на знаковен јазик за да можат сите убаво да комуницираат. По три месеци учениците ги научиле основите на знаковниот јазик и сега можат да комуницираат со Зејад.
Самодовербата на Зејад наеднаш многу пораснала.
– Зејад се радува на секое одење в училиште, среќен е и мотивиран – изјави неговата мајка Мирзана.
Неговите другари се многу возбудени што го научиле знаковниот јазик, така што почнале да ги учат и своите родители.
Учителката се надева дека знаковниот јазик ќе го воведат во наставниот план и во програмата во училиштето.
Фото: ТанјугМинатата година, неговата мајка одлучила да го испрати Зејад во редовно училиште, но не била многу среќна бидејќи никој во училиштето не го знаел з

Пронајдете не на следниве мрежи: