Еве што изјави Влатко Стефановски за Даниел!

На промоцијата која денеска се одржа во „Мекиците од Стража“ беше потенцирано дека целиот процес на создавање и продукција на албумот, чиј комплетен автор е Влатко, траел четири години. На десетте композиции како гости се појавуваат звучни имиња, како Раде Шербеџија, Васил Хаџиманов и Каролина Гочева, за која Влатко рече дека се надминала и првпат ја гледаме во едно „црнечко издание како вистинска соул дива“.Омилената композиција, сепак, е токму насловната „Сеир“, појава која вели, навистина, му е интересна.
На што најмногу сакате да фаќате сеир?
Влатко: Најмногу сакам да одам на концерти, да седнам негде и да ми свири некој голем бенд, јас не сум сеирџија по професија, меѓутоа таа дисциплина ја забележувам кај нас, ние сме врвни мајстори на сеирот, знаеме да сеириме.
Топ три концерти?
Влатко: Топ 3 тешко ми е да кажам. Сум бил на концерти на „Ролинг стоунс“, „Пинк флојд“, со „Симпл мајндс“ сум свирел три пати како претгрупа, има многу бендови. Минатата година го гледав Принц во Италија, тоа беше чудо. Би сакал да го гледам Стиви Вондер, тој не може да ми се приближи ниту јас нему, исто така сум голем фан на Боб Дилан.
Споменавте дека вашиот албум го преслушаа и навистина го пофалија Здравко Чолиќ и Бајага. Од кого најмногу ви значи поддршката и ви е најважно да ви кажат ОК?
Влатко: Од сите ми значи, знаете, не даваат толку лесно комплименти и Бајага и Чола, но, сепак, јас очекувам критички однос, а не да ме фалат, но, за среќа, албумот им се допаѓа многу.

Со кој најдобро ви одела соработката?
Влатко:  Најмногу ми било ќеф да соработувам со мојот матичен бенд, „Леб и сол“, со нив сме имале сензационални концерти. Мирослав Тадиќ ми е еден од главните соработници, „Кингс оф стрингс“, имам свирено со големи имиња и среќен сум поради тоа.
Имате големо иускуство и со филмската музика, една од песните на албумот е и насловната песна на македонскиот филм „Деца на сонцето“. Колку е поинаку да се прави музика за филм?
Влатко: Тоа е тешка и неблагодарна работа, тоа е многу тешко. Неодамна добив награда во Белград, добив „Кристална призма“, тоа е српски „Оскар“ кој го даваат филмаџиите од Академија за филм и наука, наградата се дава триенално, на три години, и затоа многу ми е драго. Исто така добив за продукција за музика за истиот филм.
Знам дека сте љубител на музички шоуа како „Идол“ и „Икс-фактор“. Го следите ли балканското шоу?
Влатко: Го следам нашиот Даниел, му посакувам многу среќа, не го знам лично, но се надевам ќе победи, па ќе се запознаеме.
Извор: Република
На следниот ЛИНК погледнете што изјави Влатко Лозановски за Даниел.Омилената композиција, сепак, е токму насловната „Сеир“, појава која вели, навистина, му е интересна.
На што најм

Пронајдете не на следниве мрежи: