ИМА ЛИ НЕКОЈ ВАШ: Список на сите затвореници на Голи Оток!

Списокот на кој се наоѓаат имињата на 16.101 затвореници интернирани по линијата на Информбирото, а кој го направи сојузната УДБА, се наоѓа во Државниот архив на Хрватска.Според тој список, во сите логори за информбировци, со убиство или самоубиство, животот го загубиле 413 лица.
Интернет изданието на списанието „Нови Пламен“, објави список со имиња и презимиња на 16.101 затвореници на Голи Оток, кои на овој остров пристигнале како тн. информбировци.
Покрај тие основни податоци за лицата кои минале низ овој озлогласен политички логор, на документот составен од „Управата за државна безбедност“, биле забележани и датумите на апсење, односно ослободување на секој евидентиран затвореник.
Забележливо во описот е дека еден дел од затворениците биле ослободени во 1959. година, односно три години откако повторно биле затоплени односите меѓу Југославија и СССР.
Судејќи според многу работи, овој документ е автентичен. Доаѓа од Државната архива на Хрватска, а на истиот истакнато е дека станува збор за ексклузивно објавен попис.
Списокот можете да го проверите на следниот ЛИНК

Пронајдете не на следниве мрежи: