Секој трет ден по еден Црногорец извршува самоубиство

Во Црна Гора секој трет ден се случува самоубиство, а во последните пет години животот си го одзеле дури 743 лица.Од црногорската Управа на полицијата е соопштено дека минатата година се самоубиле 140 граѓани, додека во 2014, регистрирани се 164 самоубиства. Во 2013 година самоубиство извршиле 128 граѓани, во 2012 – 148, а во 2011 година регистрирани се 163 самоубиства.
Од полицијата велат дека најголем број самоубиства во последните две години се забележани во Подгорица и Никшиќ, а најчесто се извршуваат со бесење и употреба на огнено оружје.
Според статистиката, најмногу самоубијци имаат над 60 години возраст. Според СЗО, Црна Гора со 17 смртни случаи на 100 илјади жители е во првата половина на европската ранг-листа на земји според општата стапка на суицид.Од црногорската Управа на полицијата е соопштено дека минатата година се самоубиле 140 граѓани, додека во 2014, регистрирани се 164 самоубиства. Во

Пронајдете не на следниве мрежи: