Странските платеници го кренаа гласот поради објавувањето на список кој добива пари од СОРОС, Рокфелер…- I дел

Белград-  го разбирам незадоволството на невладините организации за чие финансирање пишуваше „Политика“ во  досието „Патиштата на американските пари во Србија“Не навикнале било кој да се занимава во Србија со  оваа тема на основа на факти и бројки, наместо стереотипни обвиненија, пишува авторката  на Политика, јелена Попадиќ, која се занимавала со темата финансирање на невладините организации кои делуваат на територијата на Србија.
Весникот Политика објавил колу пари која невладина организација добила од меѓународните фондации и странски невладини структури. На листата организации кои  се финансираат од странство се некои од највлијателните невладини организации во Србија, а Независното друштво на новинари  Војводина, порталот „Јужне вести“ и Фондацијата „Славко Ќуровија“ јавно истапија против пишувањата на најстрогиот весник на Балканот.
„Секое уредено граѓанско друштво подразбира транспарентност во финансирањето  не само партии и политичари, туку и медиуми и  невладини организации. Затоа не разбирам зошто моите критичари одбиваат  да објавуваат факти.
Дали е можно да мислат дека  само нивните организации треба да се изземат од начелото  на транспарентност? Дека правилата за нив не важат?“, прашува Јелена Попадиќ, новинар на Политика во својот текст по наслов „На вашите навреди можам да одговорам само со бројки“.
Попадиќ: навреда на информации!?
Кога „Политика“ во јуни објави серија текстови за домашните буџетски пари кои  ги добиваат одредени  невладини организации, „Твитер“ и  „Фејсбук“ се запалија со тешки зборови, навреди и  критики на сметка на „Политика“.
Многумина од нив ме обвинуваа дека повторно  започнувам приказна за издајници и  странски платеници, дека ја подгорувам омразата, дека на луѓето им ставам мета на челата, но многу малку се обидоа да ги  демантираат материјалните податоци кои ги обелоденив.
Ми се чини сега, кога се занимавам со  американски финансиери на домашни организации и медиуми, се почнува од почеток. Независно друштво на новинари Војводина, порталот „Јужне вести“ и Фондацијата „Славко Ќурувија“ реагираа овие денови поради податоците кои ги објавив во серија текстови за патиштата на американските пари во Србија.
Сите тие податоци, кои подразбираат уплата на големи фондации на сметка на српски невлаини организации, уредно се забележани на сајтот на американскиот центар за фондации. Се работи за фондација која постои 60 години  и чии соработници собираат податоци за соработка  на организации за цивилно друштво ширум светот.
Проверката на податоци ја вршат  со вкрстување на податоци од дури  35 различни извори  на информации. Соработуваат со голем број донатори, пишува Попадиќ.Не навикнале било кој да се занимава во Србија со  оваа тема на основа на факти и бројки, наместо стереотипни обвиненија, пишува авторката&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: