сабота, 28 ноември 2026
Најново

ОТРОВНИ „МАШИ“: Кукли повлечени од продажба поради хемикалија која предизвикува неплодност!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Црногорските санитарни инспектори при контрола за безбедност на пластични играчки пронајдоа хемикалија фталат над пропишаното ниво (0,1%) кај пет кукли, која е ризична за здравјето на децата и поради што играчките се повлечени од пазарот.Концентрацијата поголема од дозволената на оваа хемикалија е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, сет пластични патки, музичка кукла, пластична кукла диверсити „фешн“ и гумената играчка „бебјлс тојс“ кои по потекло се од Кина.
Оваа хемикалија може штетно да влијае на плодноста и плодот, ја нарушува работата на хормонскиот систем, а може да предизвика и алергии.
На пазарот се пронајдени 160 контаминирани кукли, а увозниците и дистрибутерите преземаа мерки за повлекување на производите од пазарот.Концентрацијата поголема од дозволената на оваа хемикалија е пронајдена во пластичната кукла „Маша“, сет пластични патки, музичка кукла

Поврзани вести