Студент го КРЕНА ФЕЈСБУК НА НОЗЕ: „Тајкуните создаваат генерации на дегенерици, а во аманет им се остава…“

Јавноста во БиХ и понатаму ја бара вистината за трагичната смрт на момчето Махир Раковац (14), кој изврши самоубиство во Сараево откако на површина испливала болната вистина за насилството кое неговите врсници го извршиле врз него.Да потсетиме, тој се самоуби откако се дозна дека неговите врсници кои се деца на богати родители, брутално го силуваа со сукало во училипниот тоалет и никој не се обиде да му помогне.
Во морето коментари кои се појавија на социјалните мрежи, еден став на сараевскиот студент по режија Денис Швракиќ, овие денови посебно се шири низ регионот.
Коментарот ви го пренесуваме во целост:
„Расипаното и подмолно мрестење на новокомпонираните, транзициски кучиња уби невино, преубаво момче пред очите на свенатото, изгниено општество и уште поизгниената квазиобразовна институција. Тој злобен подмладок на клерофашистички, лигави тајкуни кои очигледно се под влијание на балот на вампирите во семејните гнезда, си зедоа за право да се изживуваат со најслабиот со што се продолжи дваесетипетгодишната традиција на злосторства, смрдеа и валканост под маската на националната еманципација, слобода и плурализам.
Пропалитети коишто ги оживеаја и етаблираа тековните беговски династии, шизоидно урлајќи против `ционистичкиот заговор` во име на крвта и коските на своите сограѓани, цуцлаат наргиле, се рекреираат по приватни одморалишта и одгледуваат нови генерации на имбецилни дегенерици за да им ја остават во аманет оваа земја и сета нејзина работна сила.
Прашање е само колку Махири ќе бидат силувани и убиени, колку мајки прегазени на улиците од овој град, колку баби ќе бидат запалени и бутнати од балконот на својот стан додека нивните влади и парламенти и кантони и министерства и Пољина и Илиџа не завршат како Бастиља“ – напишал Швракиќ кој доби поддршка од сите страни.
За жал, ова е реалната слика за функционирање на општеството.Да потсетиме, тој се самоуби откако се дозна дека неговите врсници кои се деца на богати родители, брутално го силуваа со сукало во училипниот тоал

Пронајдете не на следниве мрежи: