Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ празниците ги поминува во кругот на своето семејство.Цеца Новата 2014 година ја дочека разделена од своите деца Анастасија и Вељко, кои славеа со своите друштва, но за Божиќ повторно се заедно а овој празник пејачката ќе го дочека на литургија во храмот Св. Сава.
– Додека не основаат свое семејство, Вељко и Анастасија мораат да бидат дома за најрадосниот христијански празник. Тие знаат дека моја желба е секогаш да бидеме заедно на Бадниковата вечер и на Божиќ, и немаме никаков проблем околу тоа прашање, веднаш доаѓаат дома каде и да биле претходно. Божиќните ритуали ме радуваат, а и среќна сум што успеав и своите деца да ги научам да ја ценат традицијата и да ги присвојат обичаите на вистински начин, како што јас и мојата сестра ги научивме уште од детството. Ни дарувањето не изостанува, се радувам на подароците кои ги добивам, но најсреќна сум кога ќе им го задоволам вкусот на моите деца и сестра ми, заклучува Цеца.
Цеца Новата 2014 година ја дочека разделена од своите деца Анастасија и Вељко, кои славеа со своите друштва, но за Божиќ повторно се заедно а овој
Пронајдете не на следниве мрежи:



