Не се знае дали постои снимка од моментот на несреќата на седумкратниот шампион на формула 1.Француските медиуми пренесуваат најнови информации според кои светскиот шампион на Формула 1 Михаел Шумахер пред несреќата на скијањето во Франција на кацигата носел камера, која веројатно го снимила падот, после кој Шумахер е тешко повреден.
Не се знае дали камерата била вклучена во моментот на несреќата, но полицајците кои се наоѓаат на клиниката, каде докторите со денови со борат за животот на славниот спортист, разговарале со синот на Шумахер, Мик, кој би требало да раскаже како дошло до оваа стравична несреќа.
Верзијата која досега е позната вели дека седумкратниот шампион на Формула 1 пред падот при кој дошло до тешка повреда на главата не скијал по стазите на француските Алпи, туку му помагал на својот пријател.Француските медиуми пренесуваат најнови информации според кои светскиот шампион на Формула 1 Михаел Шумахер пред несреќата на скијањето во Франција



