Најмногу се пуши трева а алкохолот доминира!Стимулативните средства за изменување на свеста, дрогата и алкохолот, отсекогаш се другари со славните музичари и изведувачи, а ниту македонските ѕвезди не се исклучок. Никој не сака јавно да зборува за оној другиот што се дрогира, уште помалку за себеси, но сите се согласуваат дека и кај нас стимулансите се консумираат. Во неврзан разговор секој слушнал по нешто за некого – кој заглавил, кој се извлекол, но ако ги прашате поп-музичарите јавно за тоа колку е присутна дрогата на македонската естрада, сите се едногласни дека вакви муабети не се за во весник. Додека во светот ѕвездите отворено зборуваат за пороците на модерниот човек и за личните искуства, кај нас молчењето е правило затоа што јавниот збор за дрогата значи само едно – уништување на кариерата.Секс, дрога и рокенролПорано јавна тајна беа имињата на личностите што посегнуваат по дрогата. Тие беа рокери што живееја како своите светски идоли според мотото „Секс, дрога и рокенрол“. Се знаеше кој на што е – рокерите на дрога, фолкерите точеа само алкохол, а поп-изведувачите беа „чисти како солза“. Денес е поинаку.- За жал, дрогата во денешно време е насекаде околу нас и е лесно достапна. Ако ја сметаме марихуаната за недозволено средство, тогаш можам најодговорно да тврдам дека 80 отсто од младината ја консумира или барем еднаш ја пробале. Kога станува збор за естрадата, велам „да“, дрогата не ја заобиколи ниту неа. Сум бил сведок на многу такви нешта и непристојни понуди. Алкохолот доминира, но и дрогата го следи во чекор. Само ќе кажам, да, дрога има во естрадните кругови. Можеби не како на Запад, но ја има – вели Панчо од дуото ДНK.
Петар Младеновски од „Суперхикс“ вели дека никогаш немал контакт со недозволени средства. Според него, дрогата во регионот најмногу е застапена кај турбофолкерите. – Kога станува збор за Македонија, мислам дека мотото ,,Секс дрога и рокенрол“ не важи повеќе зашто на поп-рок сцената нема многу пари. Моето мислење е дека има дрога, ама на македонската квазитурбофолк-сцена – вели Младеновски.Кокаин само богатите Kокаинот е скапа дрога и ја користат богатите и славните личности од естрадата, актерството, бизнисот, па и од политиката. Но, нашата сцена со години е во финансиска криза, па се слуша дека ретко кој посегнува по оваа недозволена и опасна супстанца бидејќи е прескапа. За среќа, според озборувањата, нема многу корисници ниту на хероин, која е најразорната дрога што ги уништува организмот и карактерот на личноста. Засега, според шпекулациите, естрадата е на поевтини и на полесни супстанци, а најчесто пуши марихуана. Целата парада всушност е поделена на два клана – на уживателите на тревката и на противниците на каква било дрога.
Пејачот Влатко Илиевски вели дека не знае дали има дрога на естрадата.- Не ме ни интересира. Мене ми пречат дури и цигари и затоа избегнувам места каде што има чад. Ако случајно останам во просторија каде што се пушат цигари, тогаш три дена не можам да зборувам зашто чадот му штети на моето грло. Се дружам со пријатели што водат поздрав начин на живеење, а и поретко ме има на некои трендовски места. Мојата дрога е публиката. За неа живеам и создавам – вели Илиевски. За Ламбе Алабаковски, уметноста е производ на чистата мисла. Ако при нејзиното создавање се користат недозволени супстанци, тогаш таа е производ на темната страна.- Да, има дрога на естрадата и, за жал, сите што тргнале по тој пат на крајот завршуваат лошо. Но, има и такви што наоѓаат начин како да се спасат. Воопшто не е потребен стимул со недозволени супстанци за да издржиш настап, концерт или да бидеш креативен. А тоа што ќе се добие како производ не е просветлено, не е чисто и не под дејство на Светиот дух – појаснува Алабаковски.
РАМБО АМАДЕУС: ДРОГАТА ЖИВ МЕ ПОГРЕБА
Рамбо Амадеус јавно призна дека долго време консумирал марихуана, која, според неговото сведочење, го фрлила во депресија и параноја. Тој откри дека едно време користел и хероин.- Откако ќе помине дејството, одеднаш чувствувате дека жив ве погребале. Месото и коските како да ви се гнили и немате причина за сопственото постоење. Утредента, по периодот на отрезнување, ми беше толку одвратно и си реков себеси: „Ти веќе никогаш во животот нема да пробаш“, истакна Рамбо во српските медиуми.
ДневникСтимулативните средства за изменување на свеста, дрогата и алкохолот, отсекогаш се другари со славните музичари и изведувачи, а ниту македонските ѕ



