Сања Петковска во 2014 година сака само едно-ПАРИ!Македонските фолкерки не престануваат да не изненадуваат со своите благо кажано чудно изјави…Овој пат Сања Петковска раскажува за своите големи маки!
Фолк пејачката вели дека на Дедо Мраз му напишала дури и писмо…
„На Дедо Мраз му напишав дека сакам да ми донесе многу пари во новата година, а пратив и плик со фискални сметки за наградната игра на Владата. За жал не ме извлекоа. Чекам во февруари. Ете само тоа ми фали да бидам комплетна. Пари и стан во Скопје. Затоа што како што станувам позната се поголеми ми се трошоците.
На почетокот на кариерата тоа и не ми беше многу важно но, сега сфаќам дека за секој настап ми е потребен уникатен стил, добра шминка, фризура, гардероба и накит…Незамисливо е да се појавиш на два настапа во ист фустан, да направиш две фототсесии со иста фризура, да пееш на два фестивала во исти чевли, вели Сања за Вест.
Сања дури и од пријателите побарала наместо подароци да добие по некое евро на својата сметка. Дали тоа значи дека Сања сега е во потрага по богато момче…Доколку е така веруваме дека има многу заинтересирани момци. Веруваме дека многумина сеуште не можат да ја протолкуваат оваа изјава.
За на крај да изјави за Вест- Дека сепак не е сета среќа во парите, но тие можат да ми го олеснат животот. Си замислувам каков би ми бил животот кога на некоја наградна игра би добила многу пари. Е тогаш многу мои соништа би се исполниле без мака.
Ние искрено и посакуваме да заработи доволно пари и конечно да стане комплетна(или сепак не?!).
Македонските фолкерки не престануваат да не изненадуваат со своите благо кажано чудно изјави…Овој пат Сања Петковска раскажува за своите



