Кој е Зијад Беќировиќ и со што се занимава неговиот фамозен институт?

Зијад Беќировиќ, еден од директорите на фамозниот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, инаку некогашен жител на Брчко, му бил бизнис партнер на Драган Пајиќ, поранешниот градоначалник на Брчко – обвинет за злоупотреба на службената положба и примање мито.Потсетуваме дека Пајиќ е уапсен во акцијата „Бинго“, која беше насочена за разбивање на корупцијата и злоупотреба на службената положба и овластувања.
Меѓутоа, ИФИМЕС порано го одликуваше Пајиќ со награда за најдобар градоначалник на БиХ, но набрзо пријателот на Беќировиќ си замина во затвор.
Како што тврдат сведоците, Беќировиќ со години се обидувал да покрене некаков бизнис во Брчко и тоа најмногу повикувајќи се на сопругата којашто работела во ОЕСС. Кога не успеал, тој се свртел кон Словенија и кон овој институт. Сепак, не се откажал од родниот град и заедно со Пајиќ таму се обидел да го измами народот.
„Беќировиќ, кој лажно се претставува како член на масоните, тесно соработува со д-р Едвин Дервишевиќ, кој се занимава со матни работи. Тие се обидоа да изградат словенечки Универзитет во Брчко. Таа институција повеќе претставуваше градежен, отколку образовен проект“, вели извор од истрагата.
Според проектот, само требало да се преуредат халите на поранешната индустрија „Интерплет“, а за тоа барале околу 20 милиони евра. Но, реалната вредност на проектот е 2.5 милиони евра, велат експертите.
Властите го спречија овој обид за перење пари.
„Тие се познати рекетари во Брчко. Кога некој не им се допаѓа или не се сложи со нивните уцени, тие пишуваат сѐ и сешто за него“, вели близок извор.
Со својот ИФИМЕС, Беќировиќ се обиде да ги рекетира и политичарите во Црна Гора, наводно и Мило Ѓукановиќ, но медиумите во Црна Гора го разоткрија како најобичен измамник.
Се шират информации дека Беќировиќ се следи од страна на словенечката полиција, бидејќи постојат сомневања дека има врски во радикалните исламски кругови.
Постојат сомневања на кој начин и со кои пари се финансира неговиот институт кој нема никакви научни референци, туку е најобична алатка за перење пари во рацете на неговите спонзори.Потсетуваме дека Пајиќ е уапсен во акцијата „Бинго“, која беше насочена за разбивање на корупцијата и злоупотреба на службената положба

Пронајдете не на следниве мрежи: