Варуфакис: Ципрас нема да успее да ги спроведе реформите договорени со третата програма за спас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас нема да успее да ги спроведе реформите договорени со третата програма за спас, изјави поранешниот министер за финансии Јанис Фаруфакис во интервју за „Дојче веле“, чии делови пренесуваат медиумите во Грција.– Ципрас нема да успее, и тој го знае тоа… Тој јасно кажа дека бил принуден да ја прифати програмата, иако и самиот не верува дека може да биде имплементирана. Сега ја имаме оваа смешна ситуација во која сите играчи, вклучувајќи ги и Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка, германската и грчката влада, се преправаат дека имплементираат програма за која знаат дека не може да биде реализирана, изјави Варуфакис.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој нагласува дека поднел оставка затоа што не бил подготвен да се потпише на реформска програма која е невозможно да се имплементира и одбил да учествува во „такви игри“.
На прашањето колку долго ќе трае коалициската Влада предводена од Сириза, Варуфакис одговара дека „тоа навистина не е важно“, објаснувајќи дека „во последните пет години, Грција ефективно имаше три влади од кои сите се обидоа да спроведат програма која е невозможно да се спроведе“.
– Сега кога моите поранешни колеги и другари ја следат нелогичната логика од изминатите пет години, резултатот ќе биде ист, вели поранешниот министер за финансии на Грција.– Ципрас нема да успее, и тој го знае тоа… Тој јасно кажа дека бил принуден да ја прифати програмата, иако и самиот не верува дека мож

Пронајдете не на следниве мрежи: