Со бомби, солзавец и истрели демонстрантите се обидоа да влезат во парламентот во Подгорица

На централниот плоштад во Подгорица вечерва почна протестот на опозицискиот Демократски фронт (ДФ).Откако демонстрантите се обидоа да влезат во Парламентот на Црна Гора, полицијата возврати со шок-бомби и солзавец. Поради тоа масата се растури, а има и ранети, јавуваат локалните медиуми.
На плоштадот сега се наоѓаат само полициски џипови. Има извештаи за голем број повредени.
 
Претходно демонстрантите фрлаа петарди на зградата на црногорскиот парламент со извици „Нема повеќе да се чека!“ по што се појавија специјалните единици на полицијата. Танјуг јави дека околу 22 часот се слушале и истрели. Засега не е познато кој пукал.

Многу демонстранти по жестоката акција на полицијата се разбегаа, а црногорската влада на својот Твитер-профил напиша дека демонстрантите брутално ја нападнале полицијата и дека демонстрантите се спречени и понатаму да ја напаѓаат полицијaта.Откако демонстрантите се обидоа да влезат во Парламентот на Црна Гора, полицијата возврати со шок-бомби и солзавец. Поради тоа масата се растури, а

Пронајдете не на следниве мрежи: