Ми го уништија детето, НАСИЛНО Ѝ ЈА ОДЗЕДОА НЕВИНОСТА, воопшто не се покајаа: Исповед на мајка на силувано девојче

„Мојата ќерка од почетокот на судењето беше скептична за пресудата, бидејќи таткото на едниот насилник е полицаец. Можеа да добијат и построги казни, но тоа е што е. Докоолку апелациониот суд им ја намали казната, нема да се смирам додека не ги отслужат барем овие казни кои им се сега изречени“, вели очајната мајка.Обвинетите тинејџери од Ваљево кои во јули месец ја силувале малолетничката С.К., осудени се на вкупно седум години затвор. Нејзината мајка Жаклина С. изразила големо незадоволство поради ваквата пресуда, но и поради фактот дека ниту насилилниците, ниту нивните семејства не се извиниле.
Иван Митровиќ е осуден на само 4, а Немања Белушевиќ на 3 години затвор, бидејќи во тоа време кога го извршиле злоделото биле малолетни. Исто така, тие добиле помали казни и поради, како што стои во образложението на пресудата, намалена пресметливост во таа кобна ноќ, бидејќи биле под дејство на алкохол.

„Максималната казна за ова кривично дело за постари малолетници е пет години затвор, но олеснителните околности влијаеле на тоа да им се изречат поблаги казни“, се вели од судот.
Мајката на силуваната девојка вели дека нема да се жали на пресудата, бидејќи нема пари за адвокат.

 
„Со ниту еден збор, ниту еден гест не покажаа дека се каат. Ниту тие, ниту нивните родители не ми упатија ниту еден збор за извинување. Се однесуваа како ништо да не се случило. Тоа се луѓе без карактер. Се прашувам што ќе биде со тие деца кога ќе излезат од затвор. Покрај такви родители никогаш нема да бидат добри луѓе. Ми го упропастија детето, ѝ ја одзедоа невиноста така брутално, ја обележаа за цел живот. Може барем да покажат тронка каење“, изјавила Жаклина и додала дека нејзината ќерка од почетокот се сомневала во пресудата на насилниците.
„Мојата ќерка од почетокот на судењето беше скептична за пресудата, бидејќи таткото на едниот насилник е полицаец. Можеа да добијат и построги казни, но тоа е што е. Докоолку апелациониот суд им ја намали казната, нема да се смирам додека не ги отслужат барем овие казни кои им се сега изречени“, вели таа.

Обвинетите момчиња на изразиле каење, а за време на судењето се бранеле дека девојчето доброволно се согласило на сексуален однос. Мајката на девојчето се сомнева дека им ставиле нешто во пијалокот на нејзината ќерка и пријателката.
„Мојата ќерка е спортист, здрава е и се сомневам дека само од три вина можела толку да се опие. Во болница беше отсутна, депресивна, како да беше под дејство на некоја дрога, а не мамурна од алкохол. Затоа се сомневам“, вели Жаклина.
Насилниците се пуштени од притвор и до правосилност на пресудата ќе бидат на слобода.Обвинетите тинејџери од Ваљево кои во јули месец ја силувале малолетничката С.К., осудени се на вкупно седум години затвор. Нејзината мајка Жаклина

Пронајдете не на следниве мрежи: