Претепана додека земала леб од контејнер: „Оставете ме да живеам. Сакам да си ги видам внуците“

На овој начин Милева Стојимировиќ (61), ги преколнувала двајцата мажи кои брутално ја нападнале и удирале.„Беа двајца, облечени во црно од глава до петици. Нешто довикуваа додека ми приоѓаа. Едниот од нив со карате удар ме погоди во глава и паднав на земја. Се обидов да станам, но тогаш и другиот ме нападна. Ме клоцаа до изнемоштеност, не знам како останав жива“ – изјавила таа за српски Курир.
Според изјавата, нејзин пријател редовно покрај контејнерот ѝ остава сув леб за да може да го земе.
Таа претрпела тешки телесни повреди. Има прелом на горнатата вилица и очно-носниот дел.
Милева живее заедно со синот, снаата, ќерката и четирите внучиња. Семејството не е социјално загрозено, бидејќи Милева прима пензија, а синот и ќерката работат.
Нивните соседи велат дека тие се чесни и скромни луѓе.„Беа двајца, облечени во црно од глава до петици. Нешто довикуваа додека ми приоѓаа. Едниот од нив со карате удар ме погоди во глава и паднав

Пронајдете не на следниве мрежи: