Скандалозно: Според Милановиќ Македонија е случајна, неорганизирана држава

Откако не го издржа притисокот на Брисел и експресно најави дека прашање на часови е кога ќе ја крена рампата кон Србија, хрватскиот премиер Милановиќ не ја стиши реториката.Продолжи да дели лекции за европски вредности, кои очигледно им недостасуваат на сите, освен на Загреб. Откако вчера Србите ги нарече варвари, денеска им одржа слична лекција и на Македонија и на Грција, кои според него, немаат државна власт и не функционираат како држави.-Мора да погледнеме јужно и југоисточно од себе и да заклучиме дека таму нема државна власт. Така не функционира држава, ниту Грција, ниту Македонија, ниту Србија. Ако треба да ги пуштаме луѓето низ поле, како што прават во Србија, можеме и така. Но, тоа не е држава, таа е случајна држава, неорганизирана, која сака да влезе во ЕУ. Интензивно разговараме со соработниците овие мерки, кои моравме да ги воведеме, денеска или утре да ги укинеме, изјави Зоран Милановиќ, премиер на ХрватскаРампата ќе се крене, но испадите на Милановиќ ќе останат. Денеска и Унгарија, најжестокиот противник на европското решание на бегалската криза, му се потсмеваше на премиерот, порачувајќи му изборната кампања да си ја води во сопствениот двор.- Разбирам дека Хрватска веќе ја почна предизборната кампања, па имам само едно барање до хрватскиот премиер, а тоа е да не остават на мира. Ние нема да гласаме не хрватските избори и нас нема да мора да не убедува во било што, изјави Петер Сиарто, министер за надворешни работи на Унгарија.Хрватските избори ќе се одржат кон крајот на годинава, а владеачката партија на Милановиќ на анкетите заостанува зад ХДЗ. Предизборната кампања, низ призма на мигрантите, очигледно прва ја почна претседателката Китаровиќ, која најавуваше брда и долини за бегалците, за по два дена Хрватска да ја затвори границата.Продолжи да дели лекции за европски вредности, кои очигледно им недостасуваат на сите, освен на Загреб. Откако вчера Србите ги нарече варвари, дене

Пронајдете не на следниве мрежи: