Албанците во сабота планираат да спроведат ПЕКОЛЕН ПЛАН: Јужна Србија ќе биде опфатена со немири!

Српските медиуми масовно ја пренесуваат инофрмацијата дека бесниот народ од Бујановац, Прешево и Медвеѓа планираат немири доколку Белград во сабота се спротивстави на формирањето асоцијација на општините во кои живее албанско население.Според информациите, албанските лидери од јужниот дел на Србија коваат пеколен план, кој подразбира и немири доколку Белград им се спротивстави, а поддршка наводно добиле од косовската влада како одговор на формирањето на Заедницата на српски општини на Косово и Метохија.
„На таен состанок кој во понеделникот се одржа во Прешево, а на кој присуствуваа Јонус Муслиу, претседателот на Националниот совет на Албанците и неговиот заменик Шукри Имери, потоа Нагип Арифи, претседателот на општината Бујановац и Рагми Мустафа, претседателот на општина Прешево, беше договорено во сабота, 12 септември, да се одржи Седница на советот на албанските одборници од овие три општини од југот“ – изјавил албански извор.
Високите претставници од Бујановац и Прешево дале предлог дека Албанците мораат „одлучно да одговорат“ на формирањето на Заедницата на српските општини.
„Ја имаме поддршката на Приштина, конкретно Република Косово за да го спроведеме овој план до крај во сабота. Доколку Белград се противи, ќе ги организираме нашите луѓе од тука, но и од Косово да излезат на улиците. Тоа ќе биде наш одговор на она што Србите го добија на Косово. Ќе нѐ запаметат“ – се заканил Арифи.
Анонимен извор од безбедносните структури вели дека се известени надлежните во државата.
„Ова што тие планираат да го формираат е против Уставот. Ним како на национално малцинство во Србија им се загарантирани сите права. Доколку навистина формираат некаква таква асоцијација, ќе им биде јасно дека нема да биде признаена, а против организаторите ќе бидат поднесени кривични пријави“.
Според најавите, организаторите на немирите ќе бидат уапсени.Според информациите, албанските лидери од јужниот дел на Србија коваат пеколен план, кој подразбира и немири доколку Белград им се спротивстави, а

Пронајдете не на следниве мрежи: