Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2014“

Следната претставничка на Македонија на „Евровизија 2014 година“, која ќе се одржи во Данска ќе биде Тијана Дапчевиќ.Следната претставничка на Македонија на „Евровизија 2014 година“, која ќе се одржи во Данска ќе биде Тијана Дапчевиќ.
– Одлуката за изборот се донесе врз основа на гласовните, музичките и естрадните квалитети со кои Тијана ја изгради својата кариера, не само во Македонија туку и на Балканот. Таа важи за редок вокален интерпретатор, со вонредни музички квалитети и вонсериски естраден уметник. МРТ не се сомнева дека со изборот на Тијана за македонски претставник на „Евросонг 2014“ ќе се добие комплетен и ефектен евровизиски музички пакет – спој на атрактивност, автентичност и талент – изјави Мери Попова, уредничка на културната редакција во МРТ.
Тијана зад себе има богата музичка биографија како интерпретатор и инструменталист. Нејзината соработка со врвни авторски имиња од Балканот и истенченото чувство за сценски перформанс ѝ овозможија низа хит-рефрени, кои се слушани и препознатливи не само кај македонската туку и кај балканската публика и пошироко.
Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ, која ќе нѐ претставува на  „Евровизија“ следната година во Данска, не ги крие очекувањата за добар пласман.
Повеќе на ТЗМ.МКСледната претставничка на Македонија на „Евровизија 2014 година“, која ќе се одржи во Данска ќе биде Тијан

Пронајдете не на следниве мрежи: