Нада Томиќ од Србија, бабата на настраданиот Милош Томиќ (25) кој заедно со Александар Јовановиќ (20) загинаа во сообраќајна несреќа, откако изгоре БМВ-то на ибарската магистрала, раскажува што претходело на трагедијата. Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво. Пред да тргне во град ми рече – „Бабо чекај ме, брзо ќе дојдам“. И еве дочекав на баба единецот да се врати во ковчег.
Бабата на Милош ја продолжува својата приказна.
– Милош минатиот петок се подготвуваше да оди кај својата девојка Јелена. Долго се дотеруваше, и кога конечно излезе од тоалетот, морав да се нашалам со него. Му реков дека личи на девојче, но и дека сум горда што мојот внук е толку згоден и убав. Го затекнував и претходно со други девојки, но таа вечер ми реќе дека Јелена е онаа вистинската и дека мора поради тоа да биде убав и дотеран. Ми призна дека ќе ја запроси…
И навистина Мллош замина кај неговата Јелена.
– Родителите на Јелена биле на море и таа одлучила таа вечер да ја помине со Милош и со уште неколку другари. Што точно се случувало и како дошло до тоа мојот единец да настрада, се уште нас не ни е јасно, вели бабата на Милош.
Таа раскажува дека децата се дружеле до доцните часови. Еден од другарите на Милош бил уморен и го замолил да му го даде својот автомобил за да се врати дома. Милош му ги дал клучевите.
– Слушнавме дека Милош и Аца, таа ноќ кај Јелена се договориле за кумство. Меѓутоа никој не знае како воопшто дошло до тоа Милош и Аца да седнат во другиот автомобил и да настрадаат на магистралата, Нада низ солзи ја завршува приказната. Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво. Пред да тргне во град ми рече – „Бабо чекај ме, брзо ќе дојдам“. И еве дочекав на баба