Спектакуларниот концерт на Цеца заврши со над 130 000 посетители од целиот свет

Концертот на Светлана Цеца Ражњатовиќ се одржа синоќа на Ушќе. Најверните нејзини фанови уште вчера попладне ги заземаа своите места. Според неофицијални информации, сите билети се распродадени, а на концертот присуствувале околу 150.000 луѓе.
Облечена во бели панталони со кристали, Цеца го отвори концертот со песната Громе мој, а публиката пееше заедно со неа.
– Сакам да се заблагодарам на Бога за сите вас. За сите оние кои дојдоа од поранешните републики, уживајте вечерва драги пријатели. Јас сум најсреќната жена на светот, вечерва овде се сите луѓе што ги сакам – видно расположена им се обрати таа нанејзините фанови. Цеца уште еднаш и се заблагодари на публиката бидејќи е срушен нејзиниот рекорд од 2006 година кога имаше 100 000 луѓе.

После неколку нејзини хитови, по завршување на првиот блок песни, Цеца на сцената сепојави во црн фустан а на сцената со неа беше и феноменална танчерска група. Се редат хитовите, публиката ужива, а Цеца приреди неколку изненадувања како фрлањето на накитот кон публиката и новинарите. На половина концерт ги соблече и чевлите со коментарот дека не може облечена на Ушќе. Во вип ложата концертот го следеа нејзините родители како и Ивица Дачиќ, Драган Марковиќ- Палма, Даница Драшковиќ. Публиката беше особено воодушевена што ја гледа Цеца како постојано игра на сите песни со претходно осмислена кореографија, бидејќи порано ова не беше случај.
 Концертот на Светлана Цеца Ражњатовиќ се одржа синоќа на Ушќе. Најверните нејзини фанови уште вч

Пронајдете не на следниве мрежи: