Секси гимнастичарка го разведе Путин

Гласините за разводот на рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила ја разбранува јавноста. Името на прекрасната млада гимнастичарка Алина Кабаева е во центарот на вниманието, а таа често се појавуваше и како придружба на Путин.
Гламурозната 30 годишна спортистика е една од најуспешните руски гимнастичарки, со две олимписки злата и дури 14 титули на светска шампиони. Кога во 2007 година се повлече од спортот, Алина се зачлени во партијата на Путин, Единствена Русија, а за брзо време стана заменик претседател на државната Дума.
Одлука за развод, претседателот и неговата сопруга ја соопштија откако го гледаа балетот Есмералда.
– Одлуката за развод е заедничка. Ја донесовме заедно со Људмила. Веќе речиси и не се гледаме, секој води свој живот – изјави претседателот на Русија за разводот. Слична била изјавата и на Људмила која на Путин за време на бракот му подари две ќерки, а во јавноста се појавуваше многу ретко.
– Не сум за јавен живот. Не сакам публицитет и тешко се носам со тоа – изјави Људмила. Владимир и Људмила Путин се венчаа во 1983 година и имаат две возрасни ќерки за кои многу малку се знае.Гласините за разводот на рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила ја разбранува јавноста. Името н

Пронајдете не на следниве мрежи: