Весна Вучиќ вознемирена: жално и срамно е што го плукате моето семејство

Спругата на Драган Вучиќ, Весна Вучиќ,  прв пат јавно застана во одбрана на своето семејство и ги осуди невкусните шеги, особено на сметка на синот Мартин Вучиќ, пренесува весникот Вечер.
Деновиве на социјалните мрежи кружат прашалници за екстерно тестирање каде се вметнати шеги на сметка на познатите. Овие прашања се последно нешто што ја вознемири Весна. Таа меѓу другото ги искритикува шегаџиите и смета дека е крајно време да престанат со нивните “интелектуални шеги” и малограѓанштина.
“Имам потреба со вас да го споделам моето утринско кафе кое го пијам вознемирена и растревожена. Не можам да замислам до каде оди потребата да се потценува и навредува некој само затоа што работи макотрпно, за доброто на своето семејство. Какви се тие “интелектуалци” што се занимаваат со Драган В. и со син му. Со години се трудам да ги игнорирам грдите написи (последниве денови актуелни се екстерните испити и “прашањата” врзани со “сељакот Драган”и со син му). Тие што пишуваат имаат ли семејства, ги воспитувал ли некој, или пак, воспитуваат ли тие некого? Жално и срамно…”, напиша Весна, која патем додала дека Драган е прекрасен сопруг кој се грижи за своето семејството, а Мартин е син кој со сопствена пот го стекнал сето она во кое ужива денес, а не со помош на мама и тато.Спругата на Драган Вучиќ, Весна Вучиќ,  прв пат јавно застана во одбрана на своето семејство и ги осуди невкуснит

Пронајдете не на следниве мрежи: