Видео: Анџелина Џоли прв пат се појави во јавност по операцијата на градите

Прекрасната актерка Анџелина Џоли се појави во Лондон на премиерата на новиот филм World War Z на својот сопруг Бред Пит, прв пат по отстранувањето на двете дојки.

Двајцата облечени во црно, со насмевка на лицата, изгледаа пресреќно и уште еднаш потврдија дека се секогаш тука еден за друг.
Тетката на Анџелина, Деби Мартин, починала минатата недела на 61 година од рак, но сепак глумицата одлучила да биде покрај својот партнер, а не на погребот на својата тетка во градот Сан Диего.

Кога двајцата актери излегле од автомобилот, собраните обожаватели долго време им аплаудирале, ги повикувале а тие стрпливо делеле автограми и насмевки.
„Јас сум директор“, се пошегувала Џоли, која била облечена во црн фустан со потпис на модната куќа „Yves Saint Lauren“. Таа изгледала среќно и задоволно покрај Бред.

„Се чувствувам одлично“! Тука сум заради Бред, горда сум на него и возбудена за примиерата. Филмот е забавен и одличен, ќе видите. Бред е сјајен човек, феноменален маж и татко и среќна сум што сум со него“- изјави Анџелина пред новинарите.
 
На прашањето како реагирала на многубројните коментари по откривањето дека направила комплицирана операција, таа одговорила: „Горда сум и среќна што низ светот се зборува за здравјето на жената. Задоволна сум што сум инспирација за нешто добро. Благодарна сум на сите за безусловната поддршка“.
Прекрасната актерка Анџелина Џоли се појави во Лондон на премиерата на новиот филм World War

Пронајдете не на следниве мрежи: