Хурем од лудница: Најважно е што сум жива!

После бројните нагодувања зошто го прекина снимањето на популарната серија „Величенствениот“ и се врати во Германија, се огласи и Меријем. Всушност таа моментално се наоѓа во психиатриска установа и од таму им се обратила на своите фанови со една трогателна порака, со која дури и расплакала некои од нив.
„Драги пријатели ова е прв ден да се чувствувам малку подобро, а во процесот на лечење најтешките денови за мене поминаа. Најголем поклон ми е што можам да бидам на свеж воздух со НЕГО и да се шетаме. Искрено ви се заблагодарувам што ми посакувате се најдобро, тоа навистина ми значи. Сепак многу луѓе незнаат што ми се случува и поради тоа ме осудуваат“ – така ја започна својата исповед убавата црвенокоса глумица, а потоа додала дека сепак најважно од се е тоа што е жива и дека психијатрите и го спасиле животот.
„За мене сето ова е само една фаза во животот. Ќе се вратам многу појака после овој период. Најважно е дека моето лечење го води еден од најпризнатите психијатри, бидејќи тоа е голема надеж за мене дека ќе ја повратам сета снага и енергија. Морам многу да се одмарам во овој период и се надевам дека ќе ме разберете. До сите вас праќам многу бакнежи и ви се заблагодарувам на големата поддршка, тоа многу ми значи“ – завршува Меријем во пораката за своите фанови.
Потсетуваме дека во Турција неодамна одекна вест дека Хурем го напушта снимањето на серијата заради психички проблеми, а неа ја заменува Gulcin Sartincioglu, која има 36 години.После бројните нагодувања зошто го прекина снимањето на популарната серија „Величенствениот“ и се врати во

Пронајдете не на следниве мрежи: