Американскиот фолк пејач Рочи Хејвенс, кој со својот настап го отвори славниот музички фестивал во Вудсток во 1969 година, починал од последици на срцев удар во 72-та година од живото во неговиот дом во Џерси сити во сојузната држава Њу Џерси.
Музичките критичари го сметаат Ричард Пирс „Ричи“ Хејвенс за музичар со специфичен стил на свирење и пеење. Во 1969 година го отвори познатиот фестивал во Вудсток со неговата верзија на духовната песна „Freedom”, којашто веднаш стана химна на хипи генерацијата, а самиот тој икона на тој период.
Хејвенс во текот на кариерата сними околу 25 албуми, а во 1993 година настапи на инаугурацијата на тогашниот американски претседател Бил Клинтон.
„Освен по песните, оние кој го познаваа Хејвенс ќе го паметат и по неговата нежна и чувствителна природа, хуморот и силната личност”, објави претседателот на агенцијата Roots којашто го застапуваше пејачот долги години.
Со музиката почнал да се занимава релативно доцна, во 20-та година од животот, а настапот на Вудсток претставува пресвртница во неговата кариера. Таму настапи заедно со славните Џими Хенрдикс и Џенис Џоплин, што му овозможи брзо напредување во музичките води.
Една од верзиите на легендарната нумера „Freedom” се наоѓа и на албумот со музиката за филмот „Django Unchained” на Квентин Тарантино, за кој Оскарот за најдобра машка споредна улога во 2012 година го доби Кристофер Валц.
Maкфакс
Американскиот фолк пејач Рочи Хејвенс, кој со својот настап го отвори славниот музички фестивал во Вудсток во 1969 год