„Близу“ и ДНК со договор за генерално спонзорство

 Телекомуникацискиот оператор „Близу“ и најпопуларната македонска група во моментот, ДНК, потпишаа договор за меѓусебна соработка. Со овој договор, брендот на „Близу“ во претстојната година ќе стои зад македонските АрЕнБи ѕвезди. „Близу“ финансиски го поддржа бендот, докажувајќи ја уште еднаш својата посветеност да ја поддржува македонската забавна музичка продукција.

Оваа новост од прес-центарот на операторот доаѓа само неколку недели пред промовирањето на новиот албум на ДНК, чие излегување е најавено за втората половина на мај. По издавањето на новиот албум и новиот видео запис на групата, „Близу“ и ДНК најавија заеднички  промоции и концерти поврзани со промотивната турнеја низ Македонија, каде сите ќе уживаат во новите звуци на Панчо и Андреј, како и во најбрзиот интернет во Македонија. 
„ДНК е бенд со кој израсна една цела генерација млади во Македонија. Нивните АрЕнБи хитови и досега беа многу популарни, а нивните концерти и настапи секогаш се преполни. Затоа, решивме да го поддржиме овој бенд и да ѝ овозможиме на уште една генерација да израсне со нивниот префинет звук. Овие генерации се дел од нашите корисници и за нив специјално креиравме интернет пакети со брзини до 50 Mbps и неограничен интернет сообраќај. Нашата компанија секогаш ќе ги поддржува младите генерации со постојано дополнување и освежување на нашето портфолио.“,вели Искра Секуловска – маркетинг директор на „Близу.
ДНК е дуо составено во 2001 година од музичари кои дотогаш имаа одделни кариери. Андреј и Панчо досега имаат издадено 2 албуми и над 20 песни, а за неколку од нив се снимени и видео записи. Во септември 2011 година  ДНК одржаа голем солистички концерт во „Метрополис Арена“ ( Скопски саем ), во Скопје, пред повеќе од 7.000 илјади нивни обожаватели, а минатата 2012 година во Универзална сала одржаа и акустичен концерт кој беше прогласен за еден од најдобрите концерти на годината. Телекомуникацискиот оператор „Близу“ и најпопу

Пронајдете не на следниве мрежи: