35 години од истоимениот култен албум на Дајар Стреитс

Ова е првиот албум на Дајар Стреитс и доаѓа како последица на соработката на Марк Кнофлер и Џон Исли. По игра на случајност тие двајца ќе се сретнат во станот на брат му Давид.. 
Таму, во далечната 1977 ќе одлучат дека сакаат да оформат бенд и да туркаат музичка кариера. Името на бендот доаѓа од тешката финансиска ситуација во која биле сите, а особено Кнофлер. Но, очигледно дека упорноста се исплатува.
По неколку месеци вежбање тие ќе позајмат пари за да ги снимат своите први демо снимки. Меѓу нив и планетарно познатата Салтанс оф свинг. 
Токму таа песна ќе ги доведе до првиот договор со дискографската куќа за да издадат албум. А тој ќе биде двојно-платински и во САД и во Британија. 
Сикс блејд најф подоцна ќе биде искористена во филмот Десперадо со Антонијо Бандерас… 
Албумот е издаден на 7 октомври 1978.. За жал Дајар Стреитс веќе не постои. Кнофлер има своја соло кариера, а другите членови е малку познато што прават…
Подолу може да го преслушате целиот албум.Ова е првиот албум на Дајар Стреитс и доаѓа како последица на соработката на Марк Кнофлер и Џон Исли

Пронајдете не на следниве мрежи: