Стонси ја најавија турнејата 50 and counting

 Легендарниот британски рок бенд Rolling Stones ги објави во средата деталите од својата најголема турнеја во последните шест години на којашто ќе настапат во Северна Америка и Велика Британија, откако минатата 2012 година се вратија на сцената одбележувајќи ја 50-годишнината од формирањето на групата.Членовите на Rolling Stones изјавија дека ќе ја започнат својата турнеја под наслов „50 and counting“ во Лос Анџелес во САД, на засега неутврден датум, а потоа на 5-ти мај ќе свират во Окленд, во сојузната држава Калифорнија, и во осум други градови меѓу кои се Торонто и Лондон, каде на Хајд парк ќе свират на 6-ти јуни.Старите рокери на северноамериканскиот континент покрај во Лос Анџелес ќе настапат во Сан Хозе, Лас Вегас, Торонто, Чикаго, Бостон и Филаделфија во мај и во јуни, а влезниците во продажба ќе бидат пуштени на 8-ми април.Rolling Stones, кои на својата мини-турнеја минатата 2012 година одбележувајќи половина век од постоењето одржаа распродадени концерти во Лондон и Њујорк, најавија претходно дека првпат во својата историја нивниот централен настан годинава ќе се случи на најголемиот британски музички фестивал Гластонбери на 29-ти јули.По повод 50-годишнината бендот објави и колекција од своите најголеми хитови, документарен филм, книга со фотографии и потоа кон крајот на март на своите интернет страници објави и нова концертна активност по долги години апстинирање од светските подиуми.„’50 and counting’ досега беше доста извонреден. Минатата година одржавме неколку настапи во Лондон и Њујорк, и така добро си поминавме, што помисливме да направиме уште“, изјави во средата пејачот Мик Џегер.
Макфакс Легендарниот британски рок бенд Rolling Stones ги објави во средата деталите од својата најголема турнеја

Пронајдете не на следниве мрежи: