Анџелина Џоли финансира училишта во Авганистан

Холивудската актерска ѕвезда Анџелина Џоли отвори училиште за девојчиња во Авганистан и планира да финансира уше неколку од средствата што ќе ги добие од колекцијата на накит којашто ќе биде продавана од оваа седмица, а во чиешто дизајнирање самата учествувала, објави интернет порталот E!News.

Анџелина Џоли, којашто е амбасадорка на добрата волја на UNHCR, финансирала основно училиште за девојченца во областа близу авганистанската престолнина Кабул, каде што живее голем број бегалци, наведува E!News во ексклузивниот извештај.
 Џоли, исто така, финансираше училиште за девојчиња во источен Авганистан кое беше отворено во 2010 година.
 Познатата актерка планира да финансира уште вакви училишта со продажба на колекцијата накит којашто ја дизајнираше заедно со Роберт Прокоп, а која ќе биде пуштена во продажба од среда 4-ти април.
Холивудската актерска ѕвезда Анџелина Џоли отвори училиште за девојчиња во Авганистан и планир

Пронајдете не на следниве мрежи: