Анџелина Џоли на суд „го доби“ хрватскиот новинар

Американската актерка Анџелина Џоли, излезе како победник во судскиот процес кој против неа го хрватскиот новинар Јосип Кнежевиќ или Џејмс Џи Брадок, тврдејќи дека нејзиниот режисерски деби „Во земјата на крвта и медот“ е плагијат, бидејќи ја украла идејата од неговиот роман.
Како што пренесува агенцијата Hina повикувајќи се на пишувањето на весникот Hollywood Reporter, Анџелина Џоли заедно со продуцентската куќа GK Films и дистрибутерот Film Distric  пред американскиот окружен суд во Лос Анџелес доставила обемна документација за да докаже дека не ја украла идејата од книгата „The Soul Shattering“ (во оригинал „Кршење на душата“) којашто во 2007 година Јосип Кнежевиќ ј аобјавил под псевдонимот Џејмс Брадок.
Анџелина Џоли и нејзината екипа беше застапувана од реномираната адвокатска канцеларија L.A.’s Reed Smith, којашто издаде соопштение дека актерката и режисерка и нејзиниот тим кој работел на филмот не ја прекршиле Конвенцијата од Берн, како ниту американските закони за заштита на авторските права.
Во објаснувањето на окружната судијка Доли Ги, се наведува дека филмот и книгата „во суштина“ не се слични, како и дека Брадок во евентуално продолжување на процесот би требало да поднесе нови докази, доколку не сака трајно отфрлање на тужбата.
Кнежевиќ, сараевски новинар кој е пријавен како жител на Загреб, порано тврдеше дела неколкупати се сретнал со продуцентот Ерик Саркиќ за да разговараат за потенцијално снимање филм според неговата книжевна предлошка, како и дека бил шокиран која слушнал оти истиот продуцент во соработката со славната холивудска актерка работи на филм според идентична приказна.
Инаку во книгата на Кнежевиќ се раскажува сторијата за трагичната судбина на Сараевчанка, која ги минала стравотиите на српските логори во војната во Босна и Херцеговина од средината н а1990-те. Во логорот ја загубила 13-годишната ќерка, меѓутоа се вљубила во еден од командантите, единствениот кој не ја силувал. Книгата се темели на вистинит настан.
Основата, пак, на филмот „Во земјата на крвта и медот“на Анџелина Џоли е љубовната приказна за српски војник и воена заробеничка, Боњакиљата Ајла.
Американската судијка Ги во објаснувањето навела и дека читајќи ја книгата и гледајќи го филмот забележала некои сличности, но дека тоа не е доволно тужбата на Брадок да биде сметана за оправдана. Судијката, исто така, рекла дека анализирајќи ги темите на двете дела забележала и многу разлики. „Во земјата на крвта и медот“ во прв ред е приказна за предавството, одмаздата и трагедијата во која се надзира малку или воопшто не надеж, додека работната книга „Кршење на душата“ е фокусирана на семејството, љубовта и човековата сила, се наведува во образложението на американскиот окружен суд во сојузната држава Калифорнија.
MaкфаксАмериканската актерка Анџелина Џоли, излезе како победник во судскиот процес кој против неа го хрватскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: