Гостување на ФДУ во Куманово

Денот на театарот 27-ми март, кумановскиот театар ќе го одбележи со тридневно гостување на Факултетот за драмски уметности од Скопје.На 27-ми март, среда на програмата е испитната вежба по режија „Тетоважа роза“ од Тенеси Вилијамс на кумановскиот студент Милош Б. Андоновски.Во четврток, 28-ми март на програмата ќе можете да ја погледнете испитната вежба  по актерска игра во прв семестар  „Досие копче“ на класата на проф. Мими Таневска и дем. Нела Витошевиќ.Во петок, на 29-ти март, испитната вежба по актерска игра на прв семестар “Птиците што живот значат“ на класата на проф. Владо Цветановски и проф. Мими Таневска. Сите претстави почнуваат во 20часот.
МакфаксДенот на театарот 27-ми март, кумановскиот театар ќе го одбележи со тридневно гостување на Факултетот за драмски уметн

Пронајдете не на следниве мрежи: