Како што јавуваат британските медиуми актерката Кира Најтли ќе игра во новиот филм за животот на Коко Шанел кој ќе го режира Карл Лагерфелд.
Лагерфелд, креативниот директор на Шанел, ќе работи со Кира на краток филм по повод 100 години од оваа француска модна куќа. Филмот ќе биде снимен во Довил, каде првиот бутик на Шанел бил отворен во 1913 година благодарение на парите кои Габриел Коко Шанел ги добила од својот љубовник, капетанот Артур Едвард Капел.
Кира Најтли е заштитно лице на парфемот “Coco Mademoisele”, а рекламата за парфемот минатиот месец беше забранета бидејќи била премногу разголена.
Актерката наводно за улогата била избрана лично од Лагерфелд. Филмот кој ќе биде прикажан во мај во Сингапур, е само последниот во низата филмови за Коко Шанел.
Како што јавуваат британските медиуми актерката Кира Најтли ќе игра во новиот филм за животот на Коко Шанел кој ќе го