Почина учесник на шоуто „Преживеан“

Еден од учесниците на новата сезона на „Кох-Ланта”, француска верзија на популарното реално шоу „Преживеан”, почина при снимањето во Камбоџа, објави интернет изданието на неделникот „Лепуант”.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, телевизискиот канал ТФ1 веднаш свика кризен останок на кој според шпекулациите се разгледува и можно откажување на целата сезона, чии снимање само што започна.
ТФ1 и продуцентот „Адвентур” соопштија дека 25-годишниот Жералд Бабин починал од срцев удар при првиот ден од снимањето на „Кох-Ланта” во Камбоџа. Во соопштениете исто така се наведува дека телевизијата донела одлука да прекине со снимањето и да ја врати екипата во Париз, иако засега не е познато од што точно починал овој учесник во најпознатото шоу „Преживеан“.
Ова не е прв смртен случај на ваквиот вид реални шоуа. Во 1997 во шведската варијанта на „Преживеан”, „Експедиција Робинсон” се случија две трагедии, во 2009 година од срцев удар почина учесник на бугарската верзија на „Срвајвор” при снимањето во Филипините, а во пакистанското издание од истата година еден од учесниците се удави пред очите на камерите.Еден од учесниците на новата сезона на „Кох-Ланта”, француска верзија на популарното реално шоу „Преживеан

Пронајдете не на следниве мрежи: