Претседателството го осуди нападот врз српскиот премиер во Сребреница

Претседателството на Босна и Херцеговина остро го осуди вчерашниот напад врз српскиот премиер Александар Вучиќ за време на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница, пишува МИА.Тричленото претседателство во комунике наведува дека остро го осудува нападот и изразува најдлабоко жалење, истовремено изразувајќи благодарност дека Вучиќ присуствувал на одбележувањето на 20-годишнината од масовното убиство на 8.000 муслимански мажи и момчиња извршено од силите на босанските Срби и најави дека ќе спроведе истрага. 
– Тие што го предизвикаа инцидентот не го нападнаа само Вучиќ, туку го осквернавија погребот и ги посрамоти босанските муслимани, изјави Партијата за демократска акција, пренесува ФЕНА. 
Властите во Белград побараа од БиХ итно да отвори истрага за откривање и казнување на напаѓачите на српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница, јави ТАСС.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека нападот не е само врз Вучиќ, туку врз цела Србија и нејзината политика на мир и регионална соработка. 
Премиерот на Србија Александар Вучиќ по враќањето во Белград изјави дека наспроти индицентот ќе продолжи да работи на помирувањето меѓу Србите и муслиманите во БиХ.
На вчерашната церемонија во Меморијалниот центар Поточари, освен српскиот премиер Александар Вучиќ, присуствуаше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија Борут Пахот и други високи гости и дипломати од странство. Тричленото претседателство во комунике наведува дека остро го осудува нападот и изразува најдлабоко жалење, истовремено изразувајќи благодарност де

Пронајдете не на следниве мрежи: