Продуцентите на Џејмс Бонд, се воодушевени од изведбата на британската пејачка Адел и би сакале таа да пее и во следното продолжение на филмот за тајниот агент.
Синглот „Skyfall“ со три милиони продадени примероци е убедливо најпродаваната Бонд тема на сите времиња, а Адел за нејзината изведба се закити и со Оскар и Златен глобус. Сепак, Адел не е првата на која и се случил ваков успех, но ќе биде прва ако биде повикана повторино. Легендарната велшка пејачка Ширли Беси пееше во филмовите „Goldfinger“ , „Diamonds are for Ever“ и „Моonraker“.
„Продуцентите се восхитени од тоа колку добро беше прифатена песната и се надеваат дека присуството на Адел во следниот филм ќе го повтори успехот.“ – изјавил извор за британскиот магазин Sun, додавајќи:„Тие сакаат таа да биде синоним за Бонд како што е Ширли“.
Анита Адкинс, тетката на Адел изјави дека го гледале нејзиниот настап на доделувањето на Оскарите и заплакале заедно со неа.
„Адел е една од нас. Ние чувствуваме исто што и таа чувствува“, вели тааПродуцентите на Џејмс Бонд, се воодушевени од изведбата на британската пејачка Адел и би сакале таа да пее и во следно