ТАГА НА „ЕГЗИТ“: Момче паднало од тврдината во смрт…

Момче на 20-годишна возраст, настрада синоќа во Нови Сад за време на одржувањето на Егзит. Момчето настрадало откако паднало од Петровардинската тврдина, кажано е во агенцијата Бета во новосадската служба на Брза помош, а како што соопштиле организаторите на фестивалот, несреќата се случила на патот надвор од подрачјето каде што се одржува фестивалот. Лекарската екипа, на повик од полицијата интервенирала околу 12:30 кај Петроварадин, но за жал можела само да констатира смрт на момчето кое паднало од тврдината.
Како што се наведува во соопштението од фестивалот Егзит, момчето настрадало откако го напуштило фестивалот.
„Судејќи по читачот на времето, момчето многу малку се задржало на Егзит и откако излегло од капијата на фестивалот, се упатил надвор од фестивалскиот простор кон Каменичкиот пат.
Во прашање е осветлен простор на кој се наоѓа ограда која е поставена пред неколку години од страна на градските служби кои раководат со тврдината, а на крајот од која се наоѓа насип висок околу 20 метри.
Во тек е увид од полицијата и уште не се познати причините за прескокнување на оградата и другите околности за овој несреќен случај кој се случи на патот покрај фестивалот Егзит“ се наведува во соопштението на Егзит фестивалот.
Организаторите изразуваат длабоко сочувство  до семејството на починатото момче.Момчето настрадало откако паднало од Петровардинската тврдина, кажано е во агенцијата Бета во новосадската служба на Брза помош, а како што соопшти

Пронајдете не на следниве мрежи: