ТУРИСТИТЕ ГИ ФАТИ ПАНИКА: Погледнете што се случи во Будва!

Рибарот Илија Рафаиловиќ, на длабочина од пет метри уловил возрасен примерок од отровна риба додека рибарел во близина на Будва.Илија и неговата ќерка Анѓела, веднаш го известиле Институтот за биологија на морето, кој потврдил дека се работи за видот на риби Lagocephalus sceleratus, која е позната како риба фуга.
Опасноста од оваа риба се јавува поради присуството на отровот во црниот дроб на оваа риба и при нејзино конзумирање може да има тешки последици по човекот.
„Отровот од црниот дроб на оваа риба-тетраодоксин, е исклучително термостабилен, што значи дека не може да се уништи при пржење, варење или печење. Ваков вид риба неодамна е забележан и кај Дубровник, а главната причина за присуство на оваа риба во Јадранското море е глобалното затоплување, но и порастот на температурата на водата во Јадранското море- наведува директорот на Институтот за биологија на морето Мирко Ѓуровиќ.

Ѓуровиќ додава дека според примероците кои се пронајдени, станува збор за женски риби во позрели години, а тоа укажува на фактот дека имало репродукциски активности, така да во иднина може да се очекуваат уште многу улови на овој вид риба.
Експертите предупредуваат дека е неопходна едукација на населението поради големата опаснос од незнање, препознавање и слично.
Се предупредува рибата фуга да не се фаќа со голи раце. Поради незнање, оваа смртоносна риба знае да се најде и на пазарите во приморските градови, па всушност опасноста во поголеми размери доаѓа од таму, затоа што трагедијата е неизбежна. Жртвата по конзумирањето останува парализирана, но потполно свесна. Смртта настапува со гушење.Илија и неговата ќерка Анѓела, веднаш го известиле Институтот за биологија на морето, кој потврдил дека се работи за видот на риби Lagocephalus sce

Пронајдете не на следниве мрежи: