Хорор во Албанија: Чешки туристи изрешетани со калашников и фрлени во бездна

Чесите Мишел Сватос (27) и Ана Косинова (36), кампувале во селото Прекал кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери. Ова место им е омилено на Чесите за кампување, иако во 2001 година беше пријавено исчезнување на три млади лица, пренесува Ројтерс.Тие синоќа околу 20.30 часот веднаш, по излезот од селото на патот кој води кон Скадар биле пречекани со пукотници од автоматски пушки калашников и биле усмртени на самото место. Откако ги ограбиле разбојниците возилото заедно со нивните тела го турнале во бездна, со цел да наликува на сообраќајна несреќа.
Од отпечатоците кои се пронајдени на прозорците од возилото полицијата трага по четворица жители од селото на возраст од 18 до 35 години. Едниот од нив се претпоставува дека бил во возилото.
Овој грозоморен чин ја вознемири албанската јавност, посебно во период кога се очекува голем бран на туристи. На местото на настанот синоќа биле присутни високи полициски функционери, а големи полициски сили сѐ уште се на терен и ги бараат разбојниците.
Тие синоќа околу 20.30 часот веднаш, по излезот од селото на патот кој води кон Скадар биле пречекани со пукотници од автоматски пушки калашников и

Пронајдете не на следниве мрежи: