ГРЦИЈА ДЕНЕС: Редици пред банките, туристите откажуваат по 50.000 резервации дневно

Здружението на извозници во Грција проценило дека загубата на своите членови е 80 милиони евра неделно.Грчките медиуми денес „драматично“ ги опишуваат последиците по затворањето на банките и ограничувањето за употреба на пари, воведно во понеделникот за да се запре масовното повлекување на вложувањата во страв од банкрот на државата.
Здружението на туристички компании на Грција соопшти дека на нивните членови од понеделникот им стигнуваат 50.000 откажувања на резервациите дневно. Бидејќи тоа се резервации „во последен момент“ кои сочинуваат 20 отсто од вкупните резервации во текот на годината, тоа е голем удар за туризмот во Грција, пренесува атинското Радио СКАИ.

Здружението на извозници во Грција проценило дека загубата на своите членови е 80 милиони евра неделно, и дека оваа и идната недела извозот ќе опадне за 7 отсто, а увозот за 28 проценти.

Од утринава пензионерите се повторно во долги редици пред 1000 експозитури на банките каде на шалтер можат да земат до 120 евра од своите пензии кои не се уредно исплатени за јуни. Банките на пензионерите им издаваат картички за да можат да го земат дозволениот износ од банкомат, но има жалби на бирократската процедура за собирање и контрола на документите потребни за тоа.
Првично беше најавено дека грчките банки за сите останати работи и трансакции ќе останат затворени барем до понеделник 6-ти јули, ден после референдумот за спогодба со меѓународните кредитори кои ќе го одредат идниот правец на Грција. Грчките медиуми денес „драматично“ ги опишуваат последиците по затворањето на банките и ограничувањето за употреба на пари, воведно во

Пронајдете не на следниве мрежи: