Поради која девојка Балотели го пропушти раѓањето на неговата ќерка?

Марио Балотели очигледно никогаш нема да се промени. Тој не бил во можност да биде присутен на породувањето на неговата поранешна девоја Рафаела Фико. Но, која е причината? Тој цела ноќ за време на породувањето ја поминал во прегратките на Фани Роберт Негуеша.

 

Фоторепортерот на Сан дознал за оваа вест случајно упознавајќи се со Фани, кога всушност сакал да му честита на Балотели за добивањето на неговата ќерка. Кога фоторепортерот отишол во домот на Марио, вратата му ја отворила Фани Роберт Негуеша.

„Вие сте пријателка на Марио“, прашал фоторепортерот. „Не, јас сум неговата девојка, Марио моментално не е дома, но можеби наскоро ќе се врати“, одговорила таа.

Балотели изјавил дека сака да биде примерен татко, но никако да го докаже тоа. Тој сеуште ја нема посетено под изговор дека има многу натпревари и тренинзи.

Фани Роберта со потекло од Белгија е професионана танчерка и фотомодел. Изгледа како воопшто да не греши Балотели во својот избор.

Пронајдете не на следниве мрежи: