Мораториум на домашната музика на телевизиите

Националните ТВ станици `Канал 5`, `Сител` и `Алсат – М`, на денешната средба договориле да прогласат мораториум на емитување каков и да е вид домашна музика.

„Од сега нашите гледачи нема да бидат во можност да ги следат кариерите на домашните музички изведувачи и автори. За жал, не вродија со плод нашите аргументи дека ТВ станиците не користат фонограми, туку аудио-визуелни дела, односно видеограми, за кои Македонската Музичка Индустрија – ММИ, нема добиено лиценца“, соопштија овие три телевизии.
ММИ не ги прифатила многуте забелешките на Министерството за Култура од 17 декември 2012 година и не ги коригирала, а згора на тоа деновиве доставила известување до ТВ куќите дека со почеток на оваа година ќе започне со побарување пари.
Од телевизиите, поради сите наведени пропусти, бараат, според членот 157 од Законот за Авторско и Сродни Права на РМ, Министерството за Култура да ја одземе лиценцата на ММИ и да ја преиспита одлуката за самоволно истакнување тарифи, како и вршење притисок врз медиумите за плаќање на дополнителни давачки.
Препорачаа, во духот на заложбите на Владата,  за намалување на давачките кои ќе го оптоварат буџетот на граѓаните и фирмите, да се одложи доделувањето на нова лиценца, за да се амортизира штетата која ќе се направи не само врз македонската музичка продукција, туку и врз сите правни и физички лица во време на економска криза.
Трите ТВ куќи почнуваат постапка пред Уставниот суд на Македонија, во која ќе бараат да се преиспитаат сите акти на ова здружение.
Одлуката за мораториум на домашна музика ќе остане на сила се до конечната разврска на случајот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: